Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез ќе стартува на пол позиција за ГН на Аргентина.
Марк Маркез постави најбрзо во квалификациите во Аргентина. Зад него ќе стартува Карел Абрахам кој направи изненадување. Од третата позиција ќе стартува Кал Крачло. Данило Петручи заврши четврт, Дани Педроса пети. Возачите на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси ќе стартуваат од шестата и седмата позиција.
ТОП 10 ги комплетираат Алеиш Еспаргаро, Лорис Баз и Алваро Баутиста. Џонас Фолгер 11-ти, Андреа Јаноне 12-ти, Андреа Довицозо ќе стартува од 13-та позиција. Жоан Зарко од 14-ти позиција, Скот Рединг 15-ти, Хорхе Лоренцо 16-ти. Џек Милер заврши на 17-та позиција, двата возачи на Ред Бул, Пол Еспаргаро и Бредли Смит ќе стартуваат од 18-та и 19-та позиција, Тито Рабата од 20-та позиција. Хектор Барбера ќе стартува како 21-ви, Сем Ловс 22-ри, а последен ќе стартува Алекс Ринс.