Марсијал разочаран од одлуката на Дешамп, виновникот го бара во Манчестер


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Давид Џинола смета дека Ентони Марсијал ќе биде приморан да си замине од Манчестер Јунајтед откако не влезе во комбинација за Мундијалот во Русија.

22 годишниот фудбалер со право не доби повик од селекторот на Франција затоа што веќе подолго време не е стандарден во Манчестер Јунајтед.

„Ако тој не е регуларен во Манчестер Јунајтед веројатно ќе бара друг клуб каде што ќе игра редовно. Јас лично мислам дека Јунајтед е одличен клуб за него, а до Марсијал е да даде повеќе на тренинзите и на натпреварите во кои добива шанса“- коментираше Џинола.