Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мата на својот блог неодамна наведе дека ова е „поинаква недела“ во клубот, по отказот на тренерот Жозе Мурињо кому му заблагодари на трофеите кои заедно ги освоија.
Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи некогашниот тренер на Јунајтед Оле Гунар Солскер, кој во саботата дебитираше со победа против Кардиф со 5:1.
Мата во изминатиот блог, по поразот од Ливерпул, истакна дека нема што да каже, но овој пост е некако далеку попозитивен.
„Легендарниот Оле Гунар Солскер е наш нов тренер и не можевме подобро да почнеме. Тоа беше убедлива победа против Кардиф и и ќе го подигне моралот на крајот на годината. Време е за оптимизам , да гледаме напред и напорно да работиме за да го поправиме пласманот на табелата. Многу сме мотивирани, тоа да го напраивме за нашите навивачи, кои многу заслужуваат“, наведе Мата, пренесува Скај.
Јунајтед во среда на Боксинг деј, кога традиционално на вториот ден од Божиќ во Англија, ќе го пречека тимот на Хадершфилд.
„Тој датум ме потсетува на моите први месеци поминати во Премиер лигата, пред седум години, а тие денови за мене беа најдобрите во годината. Многу семејства се на трибините и се надеваме дека во славечка атмосфера ќе допринесеме за добар фудбал. Тоа е посебен ден за англискиот фудбал“, истакна шпанскиот фудбалер.