Махрез го пропушти и денешниот тренинг на Лестер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Алжирскиот репрезентативец, Ријад Махрез не се појавил ни на денешниот тренинг на Лестер, втор по ред откако не успеа да направи трансфер во редовите на Манчестер Сити.

26 годишниот фудбалер побара да биде продаден пред крајот на преодниот рок, на адреса на Лестер пристигнаа неколку понуди од големите екипи, но од таборот на „лисиците“ се одлучија да не го продаваат играчот.

Наводно Сити испратил понуда која била околу 55 милиони фунти плус играч, најверојатно Мангала. Сепак, од Лестер ја одбиле и таа примамлива понуда и не дозволија Махрез да замине.

Алжирецот бил депресивен по неуспешниот трансфер и одлуката Лестер да не прифати негова продажба.