„Маѓепсан сум од Вињалес“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Новото лице на Јамаха, Маверик Вињалес блескаше на тест возењето во Валенсија, а тоа го воодушеви „Докторот“.

    Роси засега е возбуден од резултатот на Вињалес, па изгледа дека односите помеѓу новите колеги во јапонскиот тим во 2017-та ќе бидат хармонични.

    „Беше прилично импресивен на тестот. Во состојба е да вози круг за 1:29:00. Тоа е одличен резултат. Мислам дека ова беше одлично деби за него.“

    „Го споредивме новиот мотор со стариот и новиот агрегат со шасијата. Имаме уште многу работа да завршиме со моторот. Првото чувство е добро, но ни е потребно нешто ново. Ни треба рамнотежа, односно вистински однос помеѓу шасијата и моторот.“