Мајами Опен – Вавринка преку Себаљос стигна до 3-то коло!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарецот Станислав Вавринка се пласираше во 3-то коло на Мастерсот во Мајами, откако го победи Себаљос со 2:0, односно 6:3 и 6:4 во сетови.

Во првиот сет Вавринка направи брејк во 4-от гејм, односно го освои со 6:3. Веднаш на почетокот на вториот сет Вавринка направи брејк, па до крајот на натпреварот двата тенисери го сочуваа својот сервис, па 3-от тенисер во светот победи со 6:4.

Вавринка, кој е прв носител на овој турнир, во наредното коло игра против подобриот од натпреварот Јазири – Лопез.

Шварцман беше подобар од Ферер со 6:2 и 6:3, а Милер го победи Сепи со 2:0 во сетови.