До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Килијан Мбапе истакна дека би сакал да го види соиграчот од репрезентацијата на Франција, Нголо Канте во редовите на ПСЖ.
„Канте е играч кој го сакам во ПСЖ, затоа што имаме потреба од таков квалитетен играч. Мислам дека тој е тип на играч кој ќе се вклопи перфектно во нашиот тим. Тој е Французин, а да се враќаат Французите во нашиот шампионат би било добро поради поголема атрактивност на истиот. Сметам дека сите Французи го сакаат Канте и би им било мило доколку тој игра во нашата лига“ –коментираше Мбапе за „БеИН спортс“.
Канте веќе извесен период се поврзува со трансфер во редовите на ПСЖ, а се очекува шампионите на Франција да испратат понуда до играчот од средниот ред во текот на летниот преоден рок.















