Мбапе урна рекорд стар 36 години и се запиша во историјата!

Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе вчера го предводеше тимот до нов триумф од 3-0 против Ним во француската Лига 1.

Мбапе ги постигна 21. и 22. погодок во сезоната која е во тек, а во моментов е најдобар стрелец во лигата со пет голови повеќе од неговиот најголем ривал и соиграч Едисон Кавани.

Мбапе стана најмлад фудбалер во историјата на Лига 1, кој успеал да стигне до бројката од 50 постигнати голови. Младиот Французин во дресот на Монако стигна до 16 голови, а по две сезони во ПСЖ постигна уште 35.

До бројката од 50 голови стигна на само 20 години, два месеци и три дена, па го урна рекордерот Јаник Стоприја, кој толку голови постигна до 21 година, 11 месеци и девет дена.

Ова е навистина импресивен рекорд на младиот Французин, а уште поимпресивно е тоа што рекордот беше поставен пред 36 години, поточно во 1982 година.