Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Подмладената ракометна репрезентација на Македонија која не претставува на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија загуби од Турција со 29:26.
Избраниците на Роберто Гарсија Парондо лошо го започнаа натпреварот против Турците и речиси во текот на сите 60 минути го бркаа резултатот.
На полувреме заминавме со негатива од два гола (15:13), а исто како и првото полувреме, лошо го стартувавме и вториот дел што на крајот значеше и пораз.
Најефикасни во нашиот табор беа Мартин Попоски и Филип Кузмановски со по седум погодоци, додека натпреварот со пет гола го заврши Мартин Велковски.
Во текот на утрешниот ден македонската репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Египет.