Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УФЦ-ѕвездата, Конор Мекгрегор жестоко тренира во последниот месец и се подготвува за борбата против Доналд Сероун „Каубој“.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт кажа дека борбата меѓу Мекгрегор и Сероун е блиску, сепак „Каубојот“ го демантираше и на Инстаграм објави два потенцијални датуми за такво нешто.
Сероун објави своја фотографија, а на неа напиша датуми, кои се поврзуваат со можната пресметка со Мекгрегор.
„13 април или шести јули – чекам само потпис“, напиша „Каубој“.
УФЦ 236 настанот делува како реална опција, па се бара главен настан за датумот и би можела да се случи борбата меѓу Мекгрегор и Сероун.