Мекгрегор се опијани, па го предизвика Хабиб: Ти го удрив братот, ова не е готово…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор во октомври 2018 година привлече огромно внимание во целиот свет.

Неверојатниот борец од Дагестан на крајот славеше со прекин во четвртата рунда, но хаосот се случи откако Хабиб поради провокација скокна преку рингот и борбата продолжи во публика.

На крајот Нурмагомедов доби суспензија од девет месеци, додека Мекгрегор од шест кои веќе ги отслужи.

Ирецот сака повторно да се бори во рингот со Хабиб, а го предизвика јавно на улиците на Њујорк. Мекгрегор пијан во друштво на сопругата Ди го провоцираше Дагестанецот.

„Признавам дека е тежок противник. Тој е многу подготвен подобро од мене и признавам дека го потценив. Тоа беше негов голем момент и го почитувам. Но, лесно е да се направи само еднаш. Не му дадов доволно почит. Имам голема самодоверба. Мора да има реванш. Му го удрив братот, ова не е готово“, кажа Мекгрегор.

Во последно време Мекгрегор се поврзува со борба против Доналд Сероун. Сепак, најверојатно нема да има ништо од тоа, а Ирецот следната битка ќе ја води токму против Хабиб.