„Мекларен мора да направи се за да го задржи Алонсо“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Извршниот директор на Мекларен, Капито изјави дека тимот по секоја цена мора да го задржи Алонсо и по 2017-та година.

    Неговиот договор завршува на крајот на наредната сезона, а најверојатно тогаш многу ќе одлучуваат перформансите на болидот, кој оваа година беше под очекувањата.

    „Мораме да направиме се што е во наша моќ бидејќи во прашање е иднината на тимот. Ако перформансот и болидот бидат добри и постојани, верувам дека ќе успееме.“

    Капито во септември го замени Рон Денис на тоа место, а да потсетиме дека на Шпанецот колега наредната сезона ќе му биде Штофел Вандорн.