Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА почна дисциплинска постапка против Мексико, поради однесувањето на нивните навивачи во првото коло на Светското првенство во Русија.
Некои навивачи на Мексико имаа анти-геј песни и се обвинети за хомофобија, а посебно гласни беа кога голманот на Германија, Мануел Ноер се подготвуваше да ја исфрли топката во 24. минута.
Во Мексико често се пеат навредливи песни на противничките голмани, па навивачите не се грижат од било какви кршења на правилата.
„За деталите ќе биде наскоро известени. Постапката е во тек, не може ништо да коментираме“, соопштија од ФИФА.