Мерцедес влегува во Формула Е


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Шампионот во Ф1, Мерцедес најави дека би можел да влезе во Формула Е од сезоната 2018/19.

    Германскиот тим би можел да избере да биде еден од  12-те тимови во шампионатот на електрични болиди.

    „Електрификацијата ќе одигра голема улога во иднината на автомобилската индустрија.“

    3-та сезона во Формула Е започнува во Хонг Конг на 9-ти октомври. Во овој момент има само 10 тимови, меѓу кои Рено, Ауди, БМВ и Јагуар.

    5-та сезона би требало да биде пресвртница за тој вид на тркање, бидејќи развојот на батериите би требало да им овозможи на возачите да завршат трка во еден болид, а да не се префрлаат во друг на половина трка.

    Мерцедес во последните 3 години е доминантен во Ф1, бидејќи освои по 2 титули во конкуренција на возачи и конструктори.