Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона во моментов се бори на сите фронтови за трофеи, а на лето планираат мал ремонт на клубот, а на листата за отстрел се наоѓа нивното најскапо засилување, а тоа е Филипе Кутињо.
Кутињо на почетокот на 2018 година пристигна како големо засилување за Каталонците, но сезонава не му оди според планираното.
Бразилецот добро ја почна сезонава и одигра неколку одлични натпревари, но потоа почна падот и едноставно се загуби на теренот.
Веќе неколку недели Кутињо се наоѓа во немилост кај тренерот Ернесто Валверде, а често е критикуван и од навивачите, па сега се шпекулира и дека ќе биде продаде на крајот на сезоната.
„Мундо Депортиво“ објави дека Кутињо размислува да замине од Барселона, поради тоа што не очекувал да има многу проблеми со прилагодувањето во тимот.
Исто така, се шпекулира дека Кутињо не е во најдобри односи со Лионел Меси, па поради тоа Аргентинецот дал „наредба“ да биде продаден Бразилецот.
Кутињо досега одигра 40 натпревари сезонава за Каталонците, па постигна девет голови и пет асистенции.