Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа пред своите навивачи го победи Леганес со 3-1, а головите повторно ги постигнаа Лионел Меси и Луис Суарез.
Меси синоќешниот меч го почна од клупата за резервни фудбалери, но тренерот Ернесто Валверде мораше да го пушти во игра, откако Леганес израмни на 1-1.
Набрзо потоа Барселона постигна уште два гола, а во листата на стрелци се запишаа Меси и Саурез.
Неверојатно е тоа што Меси и Суарез заедно постигнаа 33 голови, а тоа е повеќе од сите останати клубови во Ла Лига.
Најблиску се Леванте и Селта со по 32 гола, додека Реал Мадрид постигна три гола помалку од Меси и Суарез.
Треба да се спомене и дека Барселона е далеку пред сите екипи кога станува збор за ефикасноста. Во досегашниот дел од сезоната постигнаа 56 голови.