Меси откри кој тренер го сака на клупата на Барселона


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси има една желба кога станува збор за идниот тренер на Барселона.

Откако сегашниот тренер на Барселона, Енрике откри дека ќе замине на крајот на сезоната, медиумите започнаа да набројуваат имиња кои би можеле да бидат негова замена.

Така дојдоа до приказната која кажува дека Меси на клупата на Барселона го сака Сампаоли, тренерот на Севиља.

Исто така, истиот извор наведува дека Меси од Барселона бара четири засилувања во лето за да бидат повторно најдобри во светот, а во прв ред се Белерин и Дембеле.

Меси оваа сезона одигра 22 натпревари во Ла Лига и постигна 21 гол и 7 асистенции.