Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа се спаси од срамен пораз на домашен терен, откако имаше негатива од 0-2 против Валенсија, но на крајот успеа да израмни на 2-2, благодарение на двата погодоци на Лионел Меси.
Сепак, по мечот резултатот не беше во прв план, зашто сите ја чекаа веста за повредата на Меси. Аргентинецот во 70. минута доби незгоден удар и се пожали на болки, па побара и медицинска помош. Но, успеа да го одигра мечот до крајот.
Шпанските медиумми пишуваат дека Меси имал прегледи и дека било констатирано дека нема посериозна повреда. Тој добил удар во еден дел, но не станува збор за ништо сериозно.
Тоа сигурно ги радува навивачите на Барселона, зашто Меси ќе биде подготвен за среда и мечот против Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Куп.