Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Металург на домашен терен претрпеа пораз од Горење (24:29) во рамките од 6.коло од СЕХА лигата.
Заморот ги стигна избраниците на Александар Јовиќ кои во краток период одиграа неколку тешки натпревари.
Металург слабо го отвори натпреварот, во поголем дел од првото полувреме Горење беше тимот кој ја имаше иницијативата и резултатската предност. Во 15. минута гостите од Словенија имаа плус четири, за таа разлика да се стопи на плус два по првите 30 минути (14:16).
Вториот дел почна одлично за Металург кој со серија од 4:0 го презеде водството. Сепак Горење возврати со серија од 3:0 и ја врати предноста во своја полза. Во последните 15 минути од натпреварот се играше гол за гол. Во последните моменти од средбата Металург падна и на физички и на психички план, веројатно од преголема замореност и тоа беше причина за нова серија на гостинот од 4:0 и на крајот стигнување до убедлива победа.
Халил Јагањац имаше солиден натпревар со шест погодоци, додека Димитриоски и Анџелиќ по четири пати ја погодија мрежата на Горење.