Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Металург ја забележа првата победа во СЕХА Лигата откако го совлада тимот на Динамо Панчево во второто коло од седмата по ред сезона на регионалната ракометна лига.
Избраниците на Лино Червар феноменално го отворија натпреварот и во 12. минута имаа неверојатни 8:0. Металург одигра супер полувреме со над 80% реализација на ударите. На пауза нашиот претставник замина со седум голови предност, 16:9.
Во вториот дел продолжи доминацијата на клубот од Автокоманда, а предноста во два наврати изнесуваше и по десет голови. Сепак до крајот Червар направи неколку измени и истата беше преполовена и резултатот по финалните 60 минути беше 25:20 во корист на нашиот тим.
Божо Анџелиќ и Жарко Пешевски беа најефикасни во нашиот табор со по пет постигнати голови, а Арсиќ натпреварот го заврши со 15 интервенции.
На 10 септември Металург во третото коло од СЕХА лигата ќе ја пречека екипата на Нексе.