Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Металург забележаа убедлива победа (29:22) против хрватскиот Нексе во рамките од третото коло во СЕХА лигата.
Избраниците на Червар по фантастичниот натпревар против Динамо Панчево одиграа уште еден одличен натпревар,овој пат пред својата публика против многу понезгодниот тим на Нексе.
Металург одлично се покажа во нападот каде ретко правеа технички грешки и лесно го пронаоѓаа патот кон голот на противникот. Најефикасни кај тимот од Автокоманда беа Вања Илиќ и Жарко Пешевски со по шест голови, додека еден помалку постигна Божо Ангелиќ.
Во следното коло од СЕХА Лигата екипата на Металург ќе гостува во Нови Сад кај Војводина.