Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како до сега играа четвртфиналистите.
По денешниот ждреб добивме спектакуларни четвртфинални натпревари во ЛШ.
Два фантастични натпревари за гледање, Баерн Минхен – Реал Мадрид, Јувентус – Барселона.
Баерн Минхен и Реал Мадрид имаат одиграно 22 пати во европските натпреварувања. Досега поуспешен е германскиот клуб. Баварците имаат победено 11 пати, а Реал 9. Баварците имаат постигнато два повеќе од лутиот ривал од Мадрид. Последниот пат кога овие два клуба играа беше во полуфиналето во ЛШ во сезоната 2013/14 кога Реал предводен од сегашниот тренер на баварците, Карло Анчелоти го разби тимот на Гвардиола со вкупни 4:0.
Барселона и Јувентус имаат одиграни 9 пати во европските натпреварувања. Вкупно Јувентус е подобар со четири победи, а каталонците имаат победено три пати против старата дама. Два натпревари завршиле нерешено. Последниот пат кога овие два клуба играа беше во финалето во ЛШ во 2015-та година кога Барселона победи со 3:1.
Атлетико Мадрид и Лестер имаат одиграно 4 пати. Јорганџиите имаат три победи, а еден натпревар има завршено нерешено и тоа првиот одигран во купот на победниците на куповите во 1961-ва година. Во Лестер заврши 1:1, а во реваншот Атлетико победи со 2:0 и се пласира понатаму. Последен пат кога играа овие два клуба беше во купот на УЕФА во кој Атлетико победи во двата натпревари со вкупен резултат 4:1.
Монако и Борусија Дортмунд сеуште немаат одиграно меѓусебен официјален натпревар.