Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Тимот од Аеродром и понатаму бара вистинска комбинација на играчи, бидејќи има само една победа во сите натпреварувања оваа сезона.
Екипата на МЗТ победи само во дерби натпреварот против Карпош, а во сите останатите доживеа пораз и моментално има скор 1-9.
Тимот ќе биде менуван, некои ќе заминуваат, некои ќе доаѓаат, а сега стигна и нов плејмејкер.
Новото засилување на МЗТ е Сулејман Дијабате.
Овој играч има 29 години, а настапува на плејмејкерската позиција, а во кариерата има играно во Франција.
Започна во Дижон, а потоа играше во Роан, Нанси, Гравлен, Руен Метропол. Минатата сезона имаше во просек 10.4 поени, 3.5 скокови и 6.4 асистенции.