Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан пред неколку дена го договори трансферот на Криштоф Пиатек, а сега се поврзува и со трансфер на крилниот фудбалер на ПСВ, Стивен Бергвијн.
Левото крило на холандскиот клуб би требало значително да го засили офанзивниот тим на Милан и на „Сан Сиро“ најпрво ќе пристигне како позајмен фудбалер со опција за целосен откуп на неговиот договор за сума од 20 милиони евра.
Станува збор за холандски репрезентативец кој се поврзуваше со трансфер и во Интер, а одреден период го следеа и челниците на Манчестер Јунајтед.
Во дресот на ПСВ на 25 натпревари оваа сезона има постигнато десет погодоци на кои додал уште 11 асистенции.