Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот колумбијски напаѓач Радамел Фалкао би можел кариерата да ја продолжи во Италија.
„Скај Спортс“ пишува дека Фалкао е блиску до заминување од Монако, а еден од клубовите кои би можел да го ангажира е Милан, чија управа е решена да му понуди договор.
„Росонерите“ повеќе би сакале да го видат Гонзало Игуаин или Алваро Мората во клубот, но Колумбиецот во моментов им е многу поприфатлива опција.
И Фалкао неодамна кажа дека му одговара интересот од екипи како што е Милан.
„Милан е еден од најдобрите клубови во светот и секогаш ги следев“, кажа Фалкао.