Милан тргнува по поранешна ѕвезда на Атлетико Мадрид?!

Милан повторно покажува интерес за поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, кој ќе се обидат да го ангажираат зимава.

Поранешната ѕвезда на шпанскиот клуб се пресели во Кина и има договор до 2021 година, но би можел да си замине порано од таму.

Наводно, Караско е разочаран во Кина и сака да се врати во Европа, а токму таа врата му ја отвора Милан, иако италијанскиот клуб прво мора да се договори со кинески Далијан.

„Росонерите“ се обидуваат да најдат квалитетни засилувња во нападот, а откако ги испуштија Златан Ибрахимовиќ и Луис Муриел, тие покажаа интерес за Маноло Габијадини, кој би требало да стигне покрај Караско.