Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан моментално е на 3-то место во Серија А со ист број на бодови како Рома, а италијанската јавност е воодушевена од Милан, но уште повеќе од потенцијалот на тимот.
Винченцо Монтела во саботата против Емполи од првата минута на теренот испрати екипа чија просечна старост изнесуваше 23.6 години. Најмладиот тим на Милан уште од 1985-та година.
Таа година Милан по прв пат по сезоната 1978/79 избори пласман во Европа со освојување на 5-то место кое навести големи работи кои се случија неколку години подоцна, прво освојување на титулата во Италија во 1988, а потоа и титулата во Европа.
Сепак, тешко е да се каже дека тимот кој играше против Удинезе беше темел на „нов Милан“. Иако некои беа горди што тимот играше со многу млади играчи од сопствената академија. Од овој тим кој ја освои титулата во 1988 година, тоа беа 3 играчи од младиот состав, односно 4 ако го вклучиме и тој што влезе од клупата.
Токму играчот кој влезе од клупата, тогаш 16-годишниот Паоло Малдини е најпознатиот играч на Милан кој играше во тој натпревар. Овој натпревар е посебен по тоа што тоа беше службено деби за играчот кој остана во клубот во наредните 24 години.
Тука е уште една легенда, Франко Барези, а три години по титулата во Италија се открија и имиња како Филипо Гали и Албериго Евани. Што се однесува до другите играчи кои Нилс ги имаше на располагање, тоа беа Ди Бартоломеи, капитен на Рома кој во 1994 година се самоуби.
Остатокот од тимот на Нилс беа играчи од 20, односно 21 година кои поставија рекорд кој не успеаа да го срушат „бебињата на Монтела“.