Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ- Савиќ признава дека е задоволен и поласкан што Жозе Мурињо поради него го гледал натпреварот помеѓу Србија и Црна Гора.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед беше во Подгорица на натпреварот кој Србија го доби со 2:0, а во составот беше и Милинковиќ Савиќ. Освен 23 годишниот фудбалер, Мурињо го следеше настапот и на играчот од одбраната Никола Миленковиќ.
„Јас сум играч на Лацио, но јасно е дека сум задоволен што тренер од негов калибар дојде да ја гледа нашата игра. Читам низ медиумите дека дошол да ме гледа како играм, но тоа не значи ништо, можеби тој не дојде за мене туку за некој друг“ –коментираше Милинковиќ-Савиќ.