Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Борусија Дортмунд делува фантастично од стартот на сезоната.
Прво место во Бундеслигата и пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, даваат голема надеж за навивачите на „Милионерите“ за големи работи.
Клубот издвои уште една победа, овојпат надвор од теренот бидејќи нов член на Борусија, наскоро би требало да биде Леонардо Балерди.
Аргентинецот од редовите на Бока има 19 години и важи за еден од најталентираните фудбалери во Јужна Америка.
Балерди денес ги изврши медицинските прегледи и наскоро ќе потпише повеќегодишен договор со „Милионерите“ во трансферот вреден 15 милиони евра.
Неговите игри ги следеа Јувентус и Барселона, но дефанзивецот одлучи дека најдобро му е кариерата да ја продолжи во Германија.