Михајловиќ знае да „создаде“ играч: Торино има бисер вреден 50 милиони!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Или барем ќе треба некој да плати доколку сака да го донесе во својот клуб.

    Андреа Белоти експлодираше под водство на Синиша Михајловиќ. Популарниот „Гало“ постигна 8 голови во шампионатот и 3 за Италија, а тоа привлече голем интерес.

    Летово го сакаа Вест Хем и Кристал Палас, но претседателот Каиро не сакаше да преговара.

    Сега цената на одличниот напаѓач порасна, го гледаа скаути на Арсенал, а интерес има и од Јунајтед.

    Поради тоа Белоти би требало да го продолжи договорот, поточно да потпише нов под подобри услови до 2020 година во кој ќе има клаузула за негово заминување во вредност од 50 милиони евра.

    Таа важи само за странство, во Торино се плашат од соседите од Јувентус или евентуално некој друг италијански клуб кој би можел да ја плати таа сума и да им го земе најдобриот играч.

    „Гало“ значи „пејач“, а прекарот Белоти го доби поради начинот на кој ги прославува головите.

    Тој играше за Палермо, Зампарини го донесе од Албинолефе каде овој поранешен млад репрезентативец на Италија ја започна кариерата.

    За Италија одигра 18 натпревари и постигна 9 голови.