Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тенисер Миша Зверев направи големо изненадување со победата против Енди Мареј во 1/8-финалето на АО.
Зверев, кој во моментов е на 50-то место во светот, победи против најдобро пласираниот тенисер со 3:1 во сетови, односно 7:5, 5:7, 6:2 и 6:4.
„Искрено, ова е неверојатно. Не знам како успеав да освојам некои поени. Натпреварот беше тежок и тешко беше да се остане фокусиран и смирен, а очекував повеќе свои грешки во ситуации кога сервирав.“
„Ова ми е се во животот. Кога ќе погледнам горе кон публиката каде што е моето семејство и моите пријатели се чувствувам пресреќно. Тука беше и мојот помлад брат Александар, кој ме испирира со играњето на тенис.“
Зверев во ¼-финале ќе игра со подобриот од дуелот Федерер – Нишикори.