Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младата ѕвезда на Лејкерси Лонѕо Бол очигледно не е толку импресиониран од играњето на веројатно најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс.
Леброн ова лето го одбра Лос Анџелес Лејкерс како свој нареден тим, а новинарите го прашаа Бол какво е чуството да се игра со Кралот.
„Дали бев нервозен кога прв пат играв со Леброн? Не, во такви ситуации никогаш не сум нервозен. На крајот од краиштата Леброн е само една личност, тој не е Бог“, порача младиот плејмејкер на Лос Анџелес Лејкерс.
Да потсетиме, се работи за кошаркар кој минатата година беше избран за втор пик на драфтот, а во првата сезона забележа 10,2 поени, 7,2 асистенции и 6,9 скокови по натпревар.