Многу тимови во редот за Стефан Ристовски


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентативниот бек и член на Риека, Стефан Ристовски зад себе има фантастична сезона откако беше еден од главните играчи на хрватскиот шампион.

Ристовски беше моторот на тимот кој го освои шампионатот, а се закити и со титула во Купот на Хрватска, па затоа сосема заслужено на негова адреса стигнуваат доста понуди.

Речиси е сигурно дека репрезентативецот ќе ја менува средината ова лето, а нов клуб кој пројави интерес за него е италијанскиот Лацио.

Покрај Лацио за услугите на Ристовски заинтересирани се и неколку други клубови од најдобрите лиги во Европа како Реал Бетис,  Феенорд и Спортинг Лисабон.