Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ би можел на крајот на сезоната да го напушти Реал Мадрид. Иако има 33 години, сепак тој е најдобар фудбалер во светот за 2018 година и привлечен е за многу клубови, а најмногу се поврзуваше со Интер.
Трансферот во Интер пропадна, а Модриќ остана уште една сезона во Реал и игра навистина добро во тимот на „кралевите“, но сепак на крајот би можел да си замине од екипата.
Англиските медиуми објавија дека Реал е подготвен да го продаде Модриќ за да ословоди место за Еден Азар и Кристијан Ериксен, кои планира да ги купи.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Модриќ ќе се врати во Лондон, но не во тимот на Тотенхем, туку во Арсенал, кој е подготвен да плати за него 40 милиони евра.
Модриќ е љубител на Лондон, зашто играше многу години за Тотенхем, а уште една од причините е тоа што местото кај „топчиите“ во средината од теренот ќе остане празно бидејќи Арон Ремзи се сели во Јувентус.