Модриќ постигна гол, но мечот со Севилја ќе го памети и по жесток судир! (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид денеска во 20. коло од шпанската Ла Лига со 2-0 ја совлада Севилја, а стрелци беа Касемиро и Лука Модриќ.

Модриќ повторно постигна гол, но дуелот ќе го памети и по една страшна ситуација.

Во текот на првиот дел имаше дуел со Франк Васкез и доби силен удар во глава и останаа двајцата на тревникот.

Неколку минути им беше укажана медицинска помош, но со завој околу главата го продолжија мечот.