Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ од Динамо Загреб се пресели во Тотнем, а бил блиску до трансфер и во Њукасл.
Новинарот Даниел Тејлор во текот на викендот во „Гардијан“ објави интересна приказна за Модриќ, кој денеска е еден од најдобрите играчи во светот.
„Киган организираше состанок со агентите на Модриќ за да потпишат договор со играч кој имаше само 22 години. Беа блиску до договор, а потоа претседателот на клубот Тони Хименез кажа дека играчот е премногу ситен“, објаснува Тејлор.
Така пропадна трансферот на Модриќ во Њукасл и Хрватот реши да се пресели во Тотнем, а тоа беше одличен потег и тука почна неговата преубава фудбалска приказна.