Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо е под истрага на полицијата во Лас Вегас, откако повторно е отворен случајот за силување од 2009. година.
Полицијата постапи така откако во интервју за германски „Шпигел“ поранешната манекенка Кетрин Мајорга повтори дека била брутално силувана во својот апартман во хотел во Лас Вегас.
„Откако ме силуваше, се извини. Клекна и ми кажа дека 99% е добар човек“, кажа Мајорга.
На прашањето зошто ги прифатила парите, таа кажа дека била во страв поради тоа што Роналдо бил познат.
Сепак, Роналдо сериозните обвинувања за тешкото злосторство ги коментираше во видео со своите фанови и кажа дека се лажни вести.