Може да здивнеме: Македонија останува во А дивизија!


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Од ФИБА стигнува информација дека според новиот систем на натпреварување, тимовите кои нема да се пласираат за квалификациите за СП во 2019-та година, ќе останат во А дивизија и ќе можат да учествуваат во квалификациите за ЕП во 2021.

    Заканата за испаѓање во Дивизија Б повеќе ја нема.

    По големиот неуспех во квалификациите за ЕП во 2017-та, очекувавме и уште полоши работи, а тоа е испаѓање во Б дивизија, но за среќа тоа нема да се случи.

    16-те репрезентации кои не успеаа да се квалификуваат за ЕП нема да одморат, туку од 2-ри до 19-ти август 2017-та година ќе играат претквалификации за 8 слободни места.

    Тие што ќе успеат да ги поминат претквалификациите, ќе продолжат со квалификациите за СП во ноември.