Моментално е можеби и најдобар на светот, но Гвардиола бара уште повеќе


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Серхио Кун Агуро е еден од најдобрите фудбалери на светот моментално, ако не и фудбалер во најдобра форма на светот.

    Одличниот Аргентинец постигна 11 голови на 6 натпревари, и е лидер на екипата која игра најдобар фудбал на светот во овој момент. Но, тоа не е доволно за Пеп Гвардиола кој бара уште повеќе, и смета дека Агуеро може уште повеќе да постигне во оваа сезона.

    „Серхио поседува огромен квалитет. Неговиот прв и втор чекор во шеснаесетникот го прават еден од најдобрите напаѓачи на светот, но јас сакам тој уште повеќе да ја напредува својата игра. Сигурен сум дека може да биде уште подобар“, рече Гвардиола кој потоа се наврати на самиот натпревар:

    „Игравме многу добро, но имавме доста грешки во завршните пасови, поготово во првото полувреме. Сепак, во втрото бевме доста подобри и лесно ја контролиравме топката. Нашата цел е јасна – да ја освоиш топката, да ја искористиш и да креираш брз напад“, нагласи Гвардиола.

    Да потсетиме, Манчестер Сити е прв на табелата од Премиер лигата со сите освоени бодови. Одиграа десет официјални мечеви во оваа сезона во сите натпреварувања, и забележаа десет победи со фантастична гол разлика.