Моментот кој се чекаше долго: Лоренцо во Дукати!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Хорхе Лоренцо прв пат се најде на моторот на својот нов тим Дукати, во кој ќе премине по 9 години во Јамаха.

    Тестирањата во Валенсија траат 2 денови и таму Шпанецот ќе може да го проба Дукати, бидејќи Јамаха го искористи фактот дека има договор со него до 31.12 и му забрани да врши тестирања во Херез.

    Спортскиот директор на Дукати, Паоло Кјабати изјави дека Лоренцо добро се чувствува.

    Валентино Роси вели дека е невозможно да се исфрли Лоренцо од трка за титулата наредната сезона.