До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер рече за своите играчи дека одиграле со стил и цврстина после убедливата победа над Челси со 3:0 во шестото коло од Премиер лигата.
Топџиите во одличен стил ја прекинаа низата на лоши резултати во дуелите со Челси постигувајќи три гола во рок од 40 минути и прв пат од 2011 година славеа против Сините.
„Среќен сум. Моравме да ја промениме поновата историја и тоа го направивме со стил и цврстина. И тоа ни беше потребно. Бевме посветени на дисциплината, но не е секогаш лесно да пронајдеш баланс на вакви натпревари. Кога се ќе се погледне, верувам дека колективниот ритам ни беше многу добар и така им создававме проблеми“,истакна Венгер.
Стелци за Арсенал беа Алексис Санчез, Тео Вилкот и Месут Озил, а домашниот тим одработи одлична работа со тоа што целосно го неутрализираа Диего Коста во нападот на Челси.
„Сакаме да играме такви игри кои се базираат на движења, технички квалитет и добар ритам. Се надевам дека ваквото издание ќе ги убеди играчи играчите дека сме на вистински пат, но постои секогаш простор за напредок“, нагласи Венгер.
Арсенал после шест кола го држи третото место на табелата со 13 бодови, пет помалку од водечкиот Манчестер Сити, а еден од второпласираниот Тотенхем.















