Мојес ги отвори картите: Која беше метата на Јунајтед, но неговиот отказ го прекина сонот…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дејвид Мојес беше проектиран како наследник на Сер Алекс Фергусон, но освен што седеше на исто место како и тој, ништо повеќе не го правеше наследник.

Шкотот брзо замина од Манчестер, никој не беше задоволен бидејќи Алекс Фергусон постави високи стандарди.

Години по пристигнувањето на Мојес на клупата на Јунајтед се огласи токму Дејвид Мојес.

Тој им зборуваше на медиумите за тоа како го посакувал Герет Бејл, но и уште неколку фудбалери во текот на преодниот рок.

„Понудивме многу пари, повеќе отколку Реал. Се обидувавме да го наговориме, имаше подготвен хеликоптер. Цеск Фабрегас исто така беше блиску. Јас разговарав со него и се обидов да го донесам од Барселона. Се видов и со Тони Крос во текот на сезоната и се договорив со него да дојде во Манчестер Јунајтед, но тогаш веќе ја загубив работата, а Крос замина во Реал Мадрид“, истакна Мојес.