Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Последната средба од денешната програма четвртфинални натпревари од ФА Купот го одиграа Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, а победата ја однесе домашниот тим со 2:1.
Избраниците на Нуно Еспирито Санто одиграа тактички перфектен натпревар и сосема заслужено се пласираа во полуфиналето од најстарото англиско натпреварување.
„Волците“ одиграа маестрално второ полувреме во кое постигнаа два погодоци преку Раул Хименез и Диого Жота.
Манчестер Јунајтед постигна гол, но тој стигна во последната минута од судиското продолжение, а го постигна Маркус Рашфорд.