Мура потврди дека си заминува од ПСЖ, најави преселба во Англија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лукас Мура во изјава за медиумите истакна дека си заминува од редовите на ПСЖ и најави дека би можел да се пресели во Премиер Лигата.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Бразиелцот но „ѓаволите“ се уште немаат испратено понуда до францускиот тим. ПСЖ сака да го продаде 25 годишниот фудбалер кој може да игра во Лигата на шампионите затоа што не запиша ниту еден настап во најелитното европско натпреварување оваа сезона.

„За жал изгледа дека ова е крајот на приказната за мене“- коментираше Мура запрашан од новинарите по натпреварот против Нант во кој Бразилецот остана на клупата за резервни фудбалери потенцирајќи дека ќе биде тешко да остане во клубот.

Потоа беше запрашан што мисли за англискиот фудбал на што Мура одговори: „Англискиот фудбал многу ми се допаѓа. “

Дали Мура ќе се пресели во Манчестер Јунајтед или трансферот ќе пропадне поради се поизвесниот премин на Алексис на „Олд Трафорд“ останува да видиме.