Мурињо излезе со коментар по најавите дека ќе седне на клупата на Бенфика


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сега веќе поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо се огласи во јавноста по наводите кои го поврзуваа со преземање на кормилото на Бенфика.

Неодамна и првиот човек на португалскиот клуб призна дека не би штедел пари за Мурињо да се пресели во Лисабон, но Мурињо ги затвори сите врати за премин во Бенфика посочувајќи дека нема намера да работи во Португалија.

„Никогаш не сум сакал да ги „хранам“ ваквите пишувања во медиумите, но морам да ви кажам дека немам намера да работам во Португалија. Не сакам да одам таму иако имам максимална почит кон така голем клуб како Бенфика и нејзиниот претседател“ –коментираше Мурињо во изјава за „Кореиа де Манха“.