До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Маруан Фелаини влезе во последните шест месеци од неговиот договор со Манчестер Јунајтед, а Жозе Мурињо истакна дека му рекол на Белгиецот да го потпише договорот и да замолчи.
Мурињо го советувал поранешниот играч на Евертон да се согласи за продолжување на соработката и да го реши прашањето околу неговата иднина.
„Му реков да го потпише договорот и да замолчи. Му кажав дека да не се коцка премногу пред да дознаеме колку долго ќе отсуствува. Сепак, се уште не знам дали ќе го продолжи договорот“- коментираше Мурињо кога беше запрашан за ситуацијата околу играчот од средниот ред.
Португалецот претходно истакна дека Фелаини би можел да го напушти „Олд Трафорд“.















