Мурињо одговори на шпекулациите: Се враќа ли Ибрахимовиќ?

Многу светски медиуми во последно време се повеќе пишуваат дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Европа.

Иако има договор со ЛА Галакси до 2019 година, Ибрахимовиќ наводно е подготвен да се врати на европските терени, а веќе се споменуваат неговите поранешни клубови, Милан и Манчестер Јунајтед како можни опции.

Сепак, Жозе Мурињо ги затвори вратите за враќање на Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ негирајќи дека тој е опција за тимот.

Португалецот со кратко „Не“ одговори на прашањето од новинар дали Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок ќе се врати на „Олд Трафорд“.