Мурињо открива кого сакал да доведе во Реал


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Жосе Мурињо имал голема желба додека бил тренер во Реал Мадрид.

    Станува збор за играчот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, но не можеше да отиде во Реал тоа време бидејќи Јунајтед не сакаа да слушнат за тоа.

    „Сакав да го доведам Валенсија кога бев на клупата во Мадрид. Иако не играше тогаш десен бек, мислев дека тој е створен за таму. Но од Јунајтед ми рекоа дека нема шанса“ – вели Мурињо

    „Не сум изненаден од неговата форма оваа сезона. Се се случи по таа повреда на раката. Дури и јас бев приморен да го одмарам понекогаш“ – додаде Мурињо