До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Ла Куарта“ пренесува дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо посакува да го донесе играчот на Баерн Минхен, Артуро Видал.
Мурињо се уште е во потрага по замена за Мајкл Керик кој ќе се пензионира и Маруан Фелаини кој ќе ги напушти „ѓаволите“ на крајот на јуни.
Како резултат на тоа „Ла Куарта“ тврди дека интернационалецот од Чиле е на радарот на Јунајтед кој е подготвен да плати 50 милиони евра за неговите услуги.
Манчестер Јунајтед и порано беше заинтересиран за доведување на Видал, но тој тогаш се одлучи да го облече дресот на Баерн Минхен.















