Мурињо потврди дека Златан може да остане на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо на денешната прес конференција пред натпреварот со Вест Хем потврди дека од клубот се во преговори со Златан Ибрахимовиќ за да се врати во црвениот дрес.

„Тој е повреден и му треба време да заздрави, се уште не е подготвен да игра. Не е нешто итно и нешто што форсираме да го направиме брзо. Смеам дека тој беше јасен тоа што го направи минатата сезона не е доволно за него. Тој мисли дека може да дава уште на највисоко ниво, па ние имаме разговори и ја дискутираме можноста тој да остане со нас за вториот дел од сезоната“- коментираше Мурињо.

За  Ибрахимовиќ веќе се заинтересирани неколку клубови меѓу кои Милан и Лос Анџелес Галакси.